ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Невладини: Субвенциите за странски компании да бидат условени

Моделот на привлекување на странските инвестиции со нудење на евтина работна сила и ослободување од плаќање на даноци на долг рок не дава позитивни резултати. Невладините организации велат дека доколку владата има намера да продолжи да нуди субвенции за странските бизнисмени тогаш треба од нив да побара некои услови како зголемено производство и производи со повисок квалитет.

„Очигледно е дека моделот на економски раст кој се засновува на арбитражата на цената на работната сила и арбитражата во стапките на оданочувањето на доходите, не обезбедува сеопфатен инклузивен раст кој создава значителна додадена вредност и забрзано зголемување на животниот стандард.“

Ставот на државата е дека  се согласуваат дека од корен мора да се смени начинот на привлекување странски инвестиции. Македонија повеќе не смее да биде препознатлива како земја каде има условно речено гратис работна сила, туку платите мора да бидат барем на рамниште со државниот просек. Тоа би се случило само доколку се направи договор со квалитетни инвеститори кои произведуваат производи со додадена вредност.

„Еден од начините како да го запреме или барем да го успориме иселувањето ќе биде истите услови кои што ги имаат во исти такви фабрики во Западна Европа ќе ги донесеме тука. Можеби не истото ниво на плати, но и нивото на цени е друго и повисоко таму, но да имаме нешто за споредување. Во моментов немаме.“

Опозицијата пак е на став дека странските инвестиции повеќе не ја гледаат Македонија како дестинација во која ќе го вложат својот капитал. Според нив, многуте  афери, скандали, непредвидливоста на правниот систем и лошото владеење на актуелната власт се доволна причина бизнисмените од странство да вложуваат во опкружувањето.

„Мислам дека тука е недостатокот на одредена стратегија. Напуштањето на една претходна стратегија на претходната влада се покажа дека е доста успешна. И тоа е една од причините зошто сега резултатите се слаби. “

Според официјалните податоци во слободните економски зони има 34 странски инвестиции од кои една и домашна. Податоците велат дека 12 од нив договор за инвестирање потпишале во последните три години. Извозот на овие фирми во февруари во однос на истиот месец лани е зголемен за 17 отсто а пак увозот бележи раст за 2 отсто.

Ile Petrevski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button