Незири: „Пред два месеца ВМРО немаше ништо против Законот за амнестија“
Незири: „Пред два месеца ВМРО немаше ништо против Законот за амнестија“
Во интервју за Алсат вечерва координаторот на пратеничката група на Алијанса за Албанците во Парламентот, Аднан Незири, изјави дека пратениците на ВМРО пред два месеца на средба со министерот Лога го поддржале предлог-законот за амнестија. Тој сега се прашува зошто во партијата на Мицкоски го смениле ставот.
„Министерот беше во Парламентот и во разговор со претставниците на парламентарните групи се дебатираше со сите парламентарни партии. Тие дадоа виза и ја сфатија причината, како што објасни министерот, поради пренатрупаноста на затворите и лошите услови правиме амнестија за да ги ослободиме затворите… За чудење е затоа што на таа средба којашто се случи пред два месеца ако не грешам, координаторот на ВМРО го прифати и го поздрави ваквиот став во законот. Сега не знам зошто го сменија мислењето. Тие треба да си кажат зошто го сменија мислењето од средбата“, изјави Аднан Незири, Координатор на пратеничката група на Алијанса за Албанците. /Алсат.мк