ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ни трага, ни глас од дијалог со Бугарија, а Каракачанов ја почна новата година со нови изјави за Македонија

И покрај најавите дека разговорите со Бугарија ќе продолжат во вторник, ниту Министерството за надворешни работи ниту Владата денеска не потврдија дали завршил прекинот на билатералните преговори, поради празниците. И покрај ветувањата дека земјава ќе реагира по бугарското вето, сè уште нема нова стратегија за решавање на спорот со Софија. Ниту Министерството за надворешни работи, ниту извршната власт не посочуваат дали ќе има новини во начинот на кој ќе се пристапува кон ова прашање, ниту пак конкретни планови за билатерални средби што може да се очекуваат во наредниот период. А, дел од власта во Софија, продолжува со истите пораки.

Advertisements

„Ако тие продолжат да се однесуваат како менторска држава на Бугарија, која ги одредува условите, мислам дека ќе чекаат долго бидејќи Бугарија има право да поставува услови за земјите-кандидати. Нашиот услов е нашата национална безбедност. Не оди со инает, како што прават во Скопје. Но, ние сакаме. Јас веројатно сакам многу работи во животот, но како да посакам нешто што не е мое? Тие сакаат сè. Нема начин да се тврди за бугарската историја и да кажат дека имаат вековен идентитет. Како го имаат тој вековен идентитет? Ајде да дебатираме како тие го изградија тој идентитет.“

Португалскиот амбасадор во ЕУ, Нуно Брито, најави дека португалското претседателство ќе биде претпазливо во однос на прашањето за проширувањето и нема да предложи нови заклучоци во првите шест месеци од годинава. Според него, не е во ред Бугарија да се обвинува за попречување на процесот.

„Потребно е единство за донесување одлуки во оваа област, а дискусијата продолжува на највисоко политичко ниво“, изјави Брито.

Проширувањето со С. Македонија и Албанија сигурно не е меѓу приоритетите на оваа земја која вети економско и социјално закрепнување на Европа од пандемијата, како и зајакнување на односите со Истокот, Африка и на Трансатлантските врски.

Anesa Salihu

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button