ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Николовски: Ахмети и Груби сакаат да го прикријат својот криминал

Николовски: Ахмети и Груби сакаат да го прикријат својот криминал

ВМРО-ДПМНЕ смета дека претседателот треба да се избира на непосредни избори, а не да се избира во Собранието. Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николовски, вели дека идејата за избор на претседател и потпретседател од Собранието е обид на Али Ахмети и Груби да го прикријат својот криминал и корупција.

Против е и СДСМ како актуелен партнер на владината коалиција на ДУИ. Димитар Ковачевски рече дека за тоа не е разговарано во СДСМ и дека до 8 мај граѓаните ќе слушаат различни пораки од политичарите.

Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ

ДУИ и денеска побара поддршка за уставните измени преку кои би го променила системот на избор на претседател.

„Бараме масовна, апсолутна и плебисцитна поддршка од Албанците и од другите граѓани за кандидатурата на Бујар Османи да ни овозможи промена на уставот за прашањето за избор на претседател и за амандманот што произлегува од договорот за добрососедство. Ова ќе биде ставот на ДУИ во вториот круг од претседателските и на парламентарните избори“, рече Арбер Адеми, потпретседател на ДУИ.

Пред ДУИ, идејата за избор на претседател во Собранието и доделување на една од трите главни функции во државата на Албанец ја обелодени претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари. Тој рече дека при отворање на Уставот, покрај измени за избор на претседателот, и вклучување на бугарското малцинство, треба да се укине и одредбата од 20 проценти за албанскиот јазик./Алсат.мк

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button