ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ниту власта ниту опозицијата не посочуваат какво решение ќе предложат за Маврово Ростуше и Центар Жупа

Ниту власта ниту опозицијата не посочуваат какво решение ќе предложат за двете општини Маврово Ростуше и Центар Жупа, каде пропаднаа и новиот обид да се одржат локлани избори. Во Маврово Ростуше нема да има кандидати ниту на новите избори закажани за 17 април. Во Центар Жупа, пак, изборите ќе се одржат но никој не се надева дека овојпат ќе бидат успешни. Двете општини останаа со низок број на население поради иселување, затоа не е исполнет цензусот потребен за избор на градоначалник. На 17 октомври на редовните локални избори во Центар Жупа гласале само 1886 избирачи од 7317 запишани во избирачкиот список. Во Маврово и Ростуше гласале само 3246 од 10144 избирачи на избирачкиот список.

Излезност (17.10.2021)
Центар Жупе
Гласачи на избирачкиот список – 7317
Гласачи кои гласале – 1886 (25,78%)
Маврово Ростуше
Гласачи на избирачкиот список – 10144
Гласачи кои гласале – 3246 (32%)

Изборен законик, член 132
„Доколку во првиот круг на гласање на изборите за градоначалник не излезе една третина од вкупниот број избирачи запишани во избирачкиот список во таа општина, се повторуваат сите изборни постапки во таа општина“.

Доколку градоначалникот не биде избран, Владата назначува лице од доверба кое ги врши работните должности на градоначалникот. Владата потоа го информира Собранието за состојбата и Собранието мора да распише нови избори. Прашањето што конкретно го упативме до Владата беше дали Владата е подготвена да предложи територијална реорганизација на единиците на локалната самоуправа за спојување на овие две општини со некоја од најблиските општини. Досега не добивме одговор. Ниту ВМРО-ДПМНЕ укажува дали ја поддржува идејата за територијална реорганизација на општините. За да се избегне проблемот со недостиг на гласачи. Од Центар Жупа по локалните избори побара излезноста на гласачите да се намали на 25%.

Фатлуме Дерв

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button