СПОРТ

Низ фудбалска Европа познати шампионите во три првенства, се радува и Интер

Интер е нов шампион на Италија, а Антонио Конте стана вториот тренер кој освоил титули во Серијата А од клупата и на Интер и Јувентус. Пред него, вакво достигнување забележа Џовани Трапатони. Пред Конте се Марсело Липи и Фабио Капело со по 5 титули, додека Масимилијано Алегри има 6. Навивачите кои ги блокираа улиците на Милано, не почитувајќи ги мерките против „Ковид 19“, беа многу среќни за трофејот.

„Ова е големо достигнување, по 11 години конечно ја постигнавме целта. Одличниот Антонио Конте, фантастичниот и решителен тим.“

Ајакс Амстердам исто така математички е веќе шампион во Холандија. Победија со 4:0 против Емен, освојувајќи ја по 35-ти пат најважниот трофеј во Холандија, на три натпревари пред крајот на сезоната.

Празничен ден имаше и во Русија каде Зенит Санкт Петербург, беше прогласен за шампион на 2 кола пред крајот на регуларниот дел од сезоната совладувајќи ја Локомотив Москва со убедливи 6:1. Зенит направи предност од 9 поени пред Локомотив, освојувајќи ја 8-та титула во историјата на рускиот фудбал. Инаку, на стадионот „Гаспром Арена“, имаше и гледачи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button