ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Низ Скопје се одржа втора парада на гордоста

Кога термометарот достигна 37 степени, стотици луѓе се собраа во „Жена парк“ во Скопје за да го означат почетокот на „Парадата на гордоста“, втора по ред во нашава земја. Покрај припадниците на оваа заедница, граѓани, семејства и јавни личности дојдоа да ги поддржат, а меѓу нив и претседателот Пендаровски и Првата дама, потоа амбасадорката на Швајцарија, министерките Шекеринска и Царовска. Претседателот преку статус на социјалната мрежа Фејсбук им порача на луѓето да не бидат стигматизирани и изолирани поради нивната сексуална ориентација. Дел од учесниците на маршот изјавија дека преку оваа манифестација бараат повеќе права и запирање на дискриминацијата кон нив.

Резултатите од една анкета спроведена од Меѓународната организација за човекови права, Граѓански Сивил Рајт Дифендер, на прашањето дали се согласуваат дека ЛГБТИ луѓето треба да имаат право на мирен марш низ Скопје, 55 проценти од испитаниците одговориле позитивно. Ова е подобрување во споредба со резултатите од 2015 година кога 47 проценти од граѓаните дадоа негативен одговор на ова прашање. Биле анкетирани 6.000 лица.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button