РЕГИОН
Нова рунда експертски разговори меѓу Белград и Приштина


Алсат
30.07.2020 09:35
Во Брисел денеска, според неофицијални извори, во Брисел ќе се одржи експертски состанок во рамките на политичкиот дијалог меѓу Косово и Србија. Нема потврда за овие информации од канцеларијата на европскиот специјален претставник за дијалог, Мирослав Лајчак. Сепак, според изворите на РСЕ, шефовите на делегациите од Приштина и Белград, Скендер Хисени и Марко Ѓуриќ во Брисел ќе одржат уште една рунда, втора по ред. Двајцата ја одржаа својата прва експертска средба на 23 јули кога разговараа за исчезнатите лицa.