СПОРТФУДБАЛ

Новата сезона ќе ја почнат со минус два бода

На фудбалскоти клуб Шефилд Jунајтед ќе му бидат одземени два бода на почетокот на следната сезона, соопшти Англиската фудбалска лига (ЕФЛ).

Шефилд јунајтед е казнет со одземање на бодови поради неплаќање долгови кон други клубови. На клубот од стадионот „Брамал Лејн“, условно му се одземени уште два бода, кои ќе се активираат доколку не ги платат долговите.

Шефилд Jунајтед е најголем кандидат за испаѓање од Премиер лигата. Моментално е на дното на табелата со 16 бодови, шест помалку од безбедната зона, па се поизвесно е следната сезона да игра во Чемпионшип. Клубот објави дека нема да се жали на казната и се согласи да ги плати трошоците за ЕФЛ од 310.455 фунти.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button