ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нови 30 дена притвор за Зеќири и покрај понудената гаранција од 280 илјади евра

Нови 30 дена притвор за поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири.

Адвокатот Александар Трајковски објави дека Зеќири понудил недвижен имот како гаранција за укинување на мерката притворот, но тоа Кривичниот Суд го отфрлил.

Неофицијално вредноста била околу 280 илјади евра.

Зеќири е во притвор од 9 април како осомничен во истрагата што ја отвори Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција за злоупотреба на службената положба и овластување, при склучување договор за консултантски услуги, односно за изработка на физибилити студија за Македонска Пошта.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button