МАКЕДОНИЈА

Нови 494 случаи на Ковид-19, има и починати

Во последните 24 часа, од направени 3.425 тестирања регистрирани се 494 нови случаи на Ковид-19, починале 12 лица, а евидентирани се и 474 оздравени пациенти, информираа од Министерството за здравство, повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје.

Од 12-те починати, 6 се од Скопје (94г, 78г, 70г, 68г, 61г и 49г), 2 лица се од Кавадарци (77г и 63г) и по едно починато лице од Куманово (66г), Охрид (72г), Крива Паланка (59г) и Македонски Брод (74г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 10 починати лица, со датум на смрт од 07.09.2021 до 29.09.2021 година. Од нив 6 се од Скопје, 2 од Куманово и по едно починато лице од Валандово и Гостивар, на возраст од 52 до 88 години. Од пријавените лица едно е починато во домашни, а 9 се починати во болнички услови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button