ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нови апсења за подметнување на пожари

Нови апсења за подметнување на пожари

Три лица добија 8 дена притвор откако Обвинителството отвори истрага за намерно подметнување пожар. Според соопштението на обвинителството, татко и неговите двајца синови на 9 август годинава, користејќи гориво предизвикале пожар во скопското село Патишка Река. Со тоа, го загрозиле животот и имотот на жителите и ќе одговараат за кривично дело кое предвидува затворска казна од 6 месеци до 5 години.

„Со запалка ја запалиле шумата со ниски стебла и сува трева. Опожареното земјиште е во државна сопственост а постоеше опасност пожарот повеќе да се прошири на просторот на шумата со ниски и суви стебла, па дури и да опфати дел од Националниот парк „Јасен“. Осомничените ги видел случаен минувач, додека полицајците ги фатила и пронашла значително количество гориво со кое го подметнале пожарот. Пожарникарите интервенирале да го изгаснат пожарот“, велат од Основно јавно обвинителство.

Додека државата се соочува со тешка состојба со пожари, во текот на месец август полициските власти соопштија за уште четири случаи.

На 5 август 54-годишен прилепчанец беше уапсен од полициски службеници откако предизвикал пожар во село Штавица, при што горела трева во дворот од неговата куќа, по што пожарот се проширил и на соседните парцели. Лицето било фатено од полициски службеници и го признало делото.
Полициски службеници во Велес на 7 август уапсиле 50-годишен маж од село Ореше општина Чашка поради сомнение дека предизвикал пожар кој изгорел поголема површина нискостеблеста шума. Полицијата го фатила на местото додека го гаснела пожарот и го пронашла предметот со кој бил предизвикан пожарот. 50-годишникот го признал делото.

Покрај овој случај, евидентиран е уште еден случај во Чашка и Велес, 2 дена подоцна, кога 84-годишен маж предизвикал општа опасност во селото Оморан. Според полициските информации, 84-годишниот старец ја запалил сувата трева во дворот од неговата куќа, а како последица на тоа се здобил со изгореници по телото, кои му биле констатирани во општата болница Велес.

За подметнување пожар се гони и 57-годишен прилепчанец, за кој полицијата во Македонски Брод пријави дека предизвикал „шумски пожар“, дело кое според Кривичниот законик е казниво со најмалку 3 години затвор. Пријавениот предизвикал пожар на отворен простор во село Слатина и Грешница од Македонски Брод, по што настанале пожари на поголема површина каде изгореле билки и шуми со ниски стебла. Полициските службеници го фатиле сторителот на местото каде што бил предизвикан пожарот и при претресот го пронашле предметот со кој го извршил кривичното дело, за што подоцна го признал во полициска станица.

Додека полицијата е во потрага по лицата кои ги предизвикуваат пожарите, состојбата на терен со гаснењето на пожарите е сериозна.

Според Центарот за управување со кризи, во текот на вчерашниот ден на отворено имало вкупно 42 пожари, од кои моментално 6 се активни, 5 се под контрола а 31 се изгаснати.
Институциите во земјава ги повикуваат граѓаните да бидат дополнително внимателни бидејќи поради високите температури лесно може да се прошират пожарите./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button