
Заминувањето на Лука Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс ја елиминира можноста летово тој да потпише супер-максимален договор вреден 345 млн долари, а според новите информации до кои дојде „Атлетик“, Далас никогаш не планирал да му понуди толку пари на кошаркарот.
Во текстот се наведува дека Далас долго време бил загрижен за физичката состојба на Дончиќ и дека некое време постоеле сомнежи дека тој може да доживее голем пад во кариерата.
Не е тајна дека Нико Харисон пресекол и дека главната причина за конечната одлука лежи во вишокот килограми и, како што се пишува, недоволната посветеност на Дончиќ во професионалниот живот.
Поради наведените причини, Харисон сакал да ги прекине сите врски со словенецот и да сврти сосема нова страница во историјата на франшизата во Тексас. „Атлетик“ дури и објави дека Далас „лажирал“ повреда на зглобот на Дончиќ за тој да одвои време да може да работи на неговата кондиција.