ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Новини во Законот за сообраќај: Нема веќе „казнени поени“, но возило може да биде одземено на 90 дена

Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се усогласува со Законот за прекршоци (ЗБСП) со што во голем дел се намалува висината на предвидените парични санкции за сторен сообраќаен прекршок, информираа денеска од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот (РСБСП).

„Важно е да се потенцира дека за оние сообраќајни прекршоци кои спаѓаат во групата на животозагрозувачки (возење под дејство на алкохол, непочитување на правилата за ограничување на брзината, итн.) висината на предвидените парични санкции за сторен прекршок останува непроменета. Сите измени се објавени на следниов линк.

Меѓу другото, со измените се укинуваат таканаречените „негативни поени“ кои досега се впишуваа како замена за изречена парична санкција за сторен сообраќаен прекршок. Законот предвидува и можност за одземање на возилото до 90 дена.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button