СПОРТФУДБАЛ

Новиот член на Баерн, Бое: Ова за мене е исполнување на сонот

Баерн Минхен доведе засилување за десната бековска позиција. Нов член на германскиот шампион е Саша Бое кој доаѓа од редовите на Галатасарај.

23-годишниот бек е член на турскиот клуб од 2021 година, кога се пресели во Галата од редовите на Рен за нешто помалку од шест милиони евра. Сега Турците го продаваат на Баерн и сериозно ќе заработат. За услугите на Бое баварците ќе платат 30 милиони евра, плус уште пет низ бонуси. Исто така постои одреден процент од евентуална следна продажба, а Галатасарај во договорот вметна и задолжение за две пријателски средби и делба на средствата од билетите.

Младиот фудбалер парафира договор со Баерн до јуни 2028 година, а веднаш по потписот не го криеше своето задоволство.

„Ова за мене е исполнување на сонот. Чест ми е што ќе играм за така голем клуб како Баерн. Навистина се радувам што во иднина ќе бидам соиграч со овие одлични фудбалери“, изјави Бое.

Инаку, Бое беше еден од најстандардните и најдобри фудбалери на Галатасарај. Сезонава настапи на 31 натпревар и даде два гола, а вкупно има 83 настапи за турскиот гигант.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button