ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Новиот директор на АНБ треба да го бендиса и НАТО

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека не е дел од дискусиите во неговата партија за тоа кој ќе биде нов директор на Агенцијата за национална безбедност. Тој во емисијата “360 степени“ рече дека името на новиот директор треба да биде прифатливо и за НАТО.

Досегашниот директор на АНБ, Виктор Димовски, во септември доби согласност за амбасадор на земјава во Париз. Но, Димовски не ја напушта функцијата додека Владата не одлучи кој ќе го замени. Веќе се пробиени роковите за негово испраќање во Франција.

„Очигледно да. Иако законот предвидува одредени рокови, по добивањето на одобрението, разговорите во министерството мора да завршат во рок од два месеци, за жал поминаа неколку месеци и тоа не случајно, веројатно затоа што институцијата што тој ја води, очекува да има наследник. Но, еве, јавно повикувам да се постапи што побрзо и да бидеме во законските рокови“, рече Бујар Османи, министер за надворешни работи.

Димовски е дипломат, но неговата работа во АНБ беше проследена со критики и контроверзии главно поради неодобрувањето на барањата за државјанства (главно од Албанци). Во фиоката на Димовски во моментов неразгледани се над 3.000 барања за државјанство врз основа на неодамнешните законски измени.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button