ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Новиот кривичен законик е завршен и доставен на мислење до ЕК

Новиот кривичен законик е завршен и доставен на мислење до ЕК

Министерството за правда информира дека го завршило изготвувањето на Новиот кривичен законик и истиот е испратен на разгледување до Европската комисија, по што доколку нема забелешки тогаш треба да биде одобрен од Владата и изгласан во Собранието со просто мнозинство.

Advertisements

„Подготовката на новиот Кривичен законик е завршена, тој е преведен на англиски јазик и доставен на разгледување до Европската комисија. Подготвени се и соодветни табели како обврска од Билатералниот скрининг за поглавје 23“, велат од Министерство за правда.

Но, од Министерството за европски прашања за Алсат посочуваат дека Кривичниот законик бил доставен до Европската комисија во март, но оттаму го вратиле со одредени препораки.

„По формирањето на новата влада, Министерството за европски прашања не постигна предлог за Кривичниот законик да биде испратен до Европската комисија„, велат од Министерство за европски прашања.

Според информациите на Алсат, во новиот Кривичен законик што го подготви актуелната власт, ќе се вратат членовите од стариот Кривичен законик за злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување, кои беа укинати во септември 2023 година и како резултат на тоа, неколку функционери беа ослободени од кривично гонење а неколку случаи на висока корупција беа затворени.

Лејла Тутиќ од Коалицијата „Сите за правично судење“ нагласува дека процесот за одобрување на новиот Кривичен законик ќе потрае.

Донесувањето на новиот Кривичен законик е барање и на Европската унија, со цел негово усогласување со европските и меѓународните стандарди. Во извештајот на ЕК за 2024 година беше нагласено дека скандалозните измени на Кривичниот законик ја ослабнаа правната рамка, негативно влијаејќи на гонењето на корупцијата, особено во случаите на високо ниво. Од овие скандалозни промени најмногу профитираа обвинетите во случаите на поранешното Специјално обвинителство./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button