ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Новите имиња на улиците во Тетово заглавија во ќорсокак

Новите имиња на улиците во Тетово заглавија во ќорсокак

Осум месеци по првата јавна расправа за промена на имињата на улиците, училиштата и другите институции во Тетово, сè уште ништо конкретно. Општината ги чека предлозите за имиња од граѓанскиот сектор за потоа да пристапи кон формирање на посебна комисија која ќе прави избор. Одлуките на оваа Комисија ќе треба да поминат и во Владата и потоа да бидат вратени на гласање во советот на општина Тетово. Претседателот на советот Бесар Дурмиши не е оптимист дека Владата ќе ја поддржи иницијативата бидејќи, како што вели, многупати имало пречки од централната власт за општинските проекти.

„Наидовме на пречки од централната власт од единствена причина затоа што тие ја немаат локалната власт. Така што се сомневаме дека може да има пречки. Имаме многу работи што треба да поминат во Владата, но токму затоа што ја немаат локалната власт, многу работи не одат ни во Парламентот. Ќе има пречки, не знам како ќе го пречекаат овој чекор на општина Тетово, но секоја досегашна одлука на Владата не ни штетеше нам како поединци, туку им штети на граѓаните на Тетово без разлика на политичките определби“,рече Бесар Дурмиши, претседател на Советот на општина Тетово.

Ова не е единствената пречка со која се соочува овој проект. Поддршка не даваат ниту советниците од ВМРО во општина Тетово, чии гласови се одлучувачки бидејќи мора да се гласа по Бадентеровиот принцип. ВМРО повтори дека не поддржува промена на имињата.

„Нашиот став е јасен и во оваа насока не поддржуваме ретроградни процеси кои нема да донесат ништо добро за стандардот на граѓаните. Младите во Тетово бараат современ животен стандард и образование. Тетово нема палата за современа култура, нема кино, нема театар, парк или спортски објекти. Нашиот фокус е на решавање на основните проблеми. Нема да поддржиме ретроградни процеси кои не носат никаков напредок за животот на младите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ни граѓаните не веруваат дека некогаш ќе дојде до промена на имињата.

„Нема да биде, не верувам. Колку години не се менуваат. Државата улиците ги именува со едни имиња, а граѓаните со други имиња. Ова не е направено. Зошто не сте оптимист? Бидејќи ништо не е направено. Дали сте виделе нешто да се прави? Јас до денес, не“, рече еден граѓанин.

Актуелните предлози од албанското академско здружение во Тетово се имиња на личности кои не се поврзани само со националната ренесанса, туку и со личности кои придонеле за градот. Инаку, многу градоначалници презедоа иницијатива за промена на овие имиња, но никогаш не можеа да се договорат во општинскиот совет.

Во Тетово во моментов, иако некои улици се именувани на албански јазик, нив ги користи само општината при комуникација со граѓаните, додека во официјалните документи остануваат имињата од времето на поранешна Југославија./Алсат.мк

Вјолца Алити

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button