ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Власта не ја замрзнува цената на месото, овошјето и зеленчукот

Власта не ја замрзнува цената на месото, овошјето и зеленчукот

Иако помпозно беше најавено дека до крајот на неделава ќе има резултати од анализите за ново замрзнување на цените, надлежните сега велат дека им треба уште време за да не предизвикаат штети на пазарот, поточно недостиг на некои производи. Тоа значи дека граѓаните ќе продолжат да купуваат месо, овошје и зеленчук по високи цени во месецот на празници кога потрошувачката е максимална. Анализите се направени, уверува премиерот, но пред да се донесат нови одлуки мора да се усогласат со другите министерства бидејќи во одредени прехранбени производи има артикли кои се произведуваат локално, а други се увезуваат.

Додека тече рокот за намалување на цените на некои прехранбени производи, се отворија сомнежите за нивниот квалитет. Надлежните тврдат дека нема да дозволат манипулации на локални производители и трговци кои ќе го намалат квалитетот за сметка на цената. Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека вршат интензивни контроли.

Одлуката за замрзнување на белиот леб на 33 денари за 450 грама, замрзнувањето на шпагетите, тестенините, млекото и дел од неговите производи ќе трае до 31 мај. Ограничените цени пак, на јајцата и оризот се планираат само до 30 април. Целта е за Велигденските и Рамазанските празници да не дојде до недостиг на овие производи./Алсат.мк

Аднан Ќаили

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button