ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нухиу најавува тужба за градоначалникот на Велес и Гази Баба

Нухиу најавува тужба за градоначалникот на Велес и Гази Баба

Заменик министерот за образование Агим Нухиу во интервјуто за вестите во 19 часот рече дека неговото министерство ја разгледува можноста кривично да го гони градоначалникот на општина Велес Марко Колев и оној на Гази Баба Бобан Стевсковски за дискриминација на учениците Албанци во нивните општини. Нухиу рече дека двајцата градоначалници го прекршуваат членот 137 од Кривичниот законик со тоа што им оневозможуваат на учениците да учат на мајчин јазик и ризикуваат казни од 6 месеци до 5 години затвор.

„Ние мислиме дека треба да ги користиме и инструментите од кривично правен карактер, тоа е член 137 од Кривичниот законик кој го санкционира прашањето за еднаквост и недискриминација. Било кој градоначалник, па и тој на Гази Баба, кога ќе се покрене кривична, кога ќе му ставаат лисици за кривично дело, знаете ли какво е кривичното дело, казниво од 6 месеци до 5 години. Кога ќе му ставате лисици на секој градоначалник кој дискриминира дури и едно дете Албанец, праќаме друга порака, дека институциите на системот работат и не само со политички битки и да играме цртан филм „Томи и Џери“, изјави Агим Нухиу, заменик министер за образование.

Ќе преземете ли ваква иницијатива?

„Размислуваме да ги пријавиме за кривичното дело по член 137 од Кривичниот законик. Никој не треба да помисли да си игра со чувствата и интересите на децата Албанци и другите“, одговори Агим Нухиу, заменик министер за образование. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button