ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нуредини: За загревање да не се користат материјали кои загадуваат

Нуредини: За загревање да не се користат материјали кои загадуваат

Граѓаните да не користат горива што го загадуваат воздухот, ова е постојаниот апел на институциите во земјава, во време кога поради енергетската криза и самата држава го гледа мазутот како решение за затоплување на јавните институции. Министерот за животна средина Насер Нуредини, апелира не само граѓаните, туку и институциите да бидат повнимателни. مال مجاني Според него, не е време да се санкционираат граѓаните, туку да се подигне нивната свест, бидејќи со користење на канцерогени материјали за греење, тие прво го загрозуваат својот и животот на своето семејство, потоа и на другите.

„Сите сме свесни дека за жал ќе користиме мазут за греење и јаглен. العاب الربح Таква е за жал состојбата низ цела Европа и не само кај нас. За жал, и во Германија ќе почнат да користат јаглен. Разбирам дека ова се тешки времиња. لعبة قمار اون لاين Сите го знаеме тоа. Но, апелирам до сите да бидат посвесни со што се грееме, колку се грееме и да се грижиме за енергетската ефикасност“, рече Насер Нуредини-Министер за животна средина.

Нуредини уште еднаш рече дека постои сомнеж дека се злоупотребува цената на дрвата за греење, нагласувајќи дека од надлежните институции побарал информација зошто цената е толку висока.

„Оваа тема ја отворивме на последната седница во Владата. Ако во регулативата на Јавното претпријатие „Македонски шуми“ пишува дека цената на дрвата за горење треба да биде 3 илјади денари, како се објаснуваат ваквите цени во приватниот сектор. Очекуваме информации од инспекторатот и од јавното претпријатие зошто цените се вакви“, додаде тој.

Наскоро ќе се подготви законот со кој се предвидува 24 часа да се следи емисијата на гасови во индустриските капацитети. Стравот од аерозагадувањето се зголемува со намалувањето на температурите, бидејќи во време кога секој материјал за греење е скап, институциите стравуваат дека граѓаните ќе ги изберат поевтините и понеквалитетните алтернативи, како што тоа и самите институции го прават./Alsat.mk

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button