ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Количините се кратат, цените остануваат исти

Количините се кратат, цените остануваат исти

И понатаму има намалување на количината или квалитетот на производите, а цените се повеќе се зголемуваат. Сега е невозможно да се контролира дали граѓаните се манипулирани преку цената, количината или квалитетот на производите.

Изгледа идентично, но едниот леб има 420 грама а другиот има 470 грама, додека во супермаркетите разликата во цената е многу мала или воопшто нема разлика.

Граѓаните се чувствуваат манипулирани, велат се принудени да прават проверки пред да купат.

„Зависи како ќе решат да крадат од народот… Донекаде да“, рече еден граѓанин.

„Да, крадат, крадат, што и да купиш, шеќерот е 900-800 грама, плаќаш за 1 килограм, многу работи се 200 грама, а плаќаш за 400…, додаде друг граѓанин.

Сопствениците на пекарите велат дека лебот на секоја фирма го продаваат со количината што ја бараат и не е нивна одговорност доколку има можни манипулации со количината или цената.

Од друга страна, најавено е поскапување за 10 отсто на брашното, лебот и производите од брашно доколку до крајот на ноември не се прифатат барањата на групата пекари и мелници. Бараат државата да дава субвенции или да ја ограничи цената на струјата како во некои други држави од регионот. Побараа и вишокот на струја што ја продава ЕСМ прво да им се понуди на нив. Од Владата тврдат дека во следните неколку дена ќе се одржи средба со нив, за да се најде заедничко решение./Alsat.mk

Ајнур Бафќари

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button