ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Битиќи: Можно е смирување на состојбата на енергетскиот пазар

Битиќи: Можно е смирување на состојбата на енергетскиот пазар

По неуспешната средба на државниот врв за билатерален договор за снабдување со електрична енергија од Бугарија, се намалува оптимизмот кај големите бизниси дека властите ќе обезбедат евтина струја од странство.По информациите дека неколку индустриски гиганти ставија клуч на фабриките поради енергетската криза, одговорниот за економските политики на Владата вели дека големите компании се затвораат и поради ремонти, не само поради скапата струја.

„Не знам што да кажам за големите компании, на пример денешните цени на берза се 260 евра, има движење има одлуки на Европската комисија кои што одат во полза на смирување на состојбите. Големите потрошувачи се влезени во период на ремонт, не е единствена причина електричната енергија. Затоа сметам дека од нивна страна треба да бидат соодветно кажани информациите“, рече Фатмир Битиќи Вицепремиер за економија.

Големите фабрики се затворени само поради скапата струја на берзите. Поисплатливо им е да не работат, од колку да функционираат и да плаќаат нереално висока електрична енергија. Ова за Алсат го тврди поранешниот претседател на Македонска асоцијација за рударство Николајчо Николов кој се уште активно ја следи состојбата во овој сектор и ги демантира изјавите на Битиќи. Меѓу затворените рудници се и Бучим и Еуроникел.

„Главната причина е електричната енергија, поточно многу високата цена на електричната енергија. Нормално е овој период кога не работат да го искористат и за одредени реконструкции и модернизација. Бучим во 2021 година плаќаше по 500 – 600 илјади евра месечно за електрична енергија, таа бројка сега порасна на четири или пет милиони евра, а тоа е речиси 10 пати зголемување на цената и логично е дека тоа не може да се издржи, да се работи и произеведува со таква цена“, изјави Николачјо Николов Поранешен претседател на Македонска асоцијација за рударство.
Откако Бугарија соопшти дека струја во Македонија може да продава само по берзански цени, сега се бара помош од Европската унија да покрие дел од цената која ќе ја плаќаат македонските компании. На бизнисмените од земјава не им одговара цена на електрична енергија повисока од 200 евра./Alsat.mk

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button