РЕГИОН

О‘Брајан остар кон Курти: Ако не нè третира како партнер, дали ние можеме да го сметаме за партнер

САД се многу загрижени поради одлуката на косовската влада да не дозволи користење на динарот, вели американскиот помошник државен секретар Џејмс О’Брајан во интервју за албанскиот сервис на „Гласот на Америка“ коментирајќи ја новата регулатива на Централната банка на Косово со која еврото станува единствената валута за плаќање во Косово.

Advertisements

Вели дека и покрај предупредувањата на Вашингтон, косовската влада не отстапила од одлуката и почнала да ја спроведува.

Со тоа О‘Брајан вели дека косовската влада го доведува во прашање партнерството со САД.

„Јас не упатувам нејасни закани во јавноста. Би рекол дека ако не не третираат како партнер, нема да ја третираме ниту владата на Косово како партнер“, вели помошник државниот секретар на САД.

О‘Брајан вели дека веднаш биле детектирани сите проблеми кои настанале по објавувањето на одлуката за повлекување на динарот, но посочува дека владата на Косово продолжила со спроведувањето.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button