РЕГИОН

О’Брајан: САД сакаат Србија и Косово да бидат во Европа

Американскиот помошник државен секретар за Европа и Азија, Џејмс О’Брајан, во понеделник (21 октомври) за Српската радио-телевизија (РТС) изјави дека САД сакаат Србија и Косово да се движат во правец кон Европа.

Advertisements

Тој во интервју за РТС нагласи и дека сака да ги почитува сите договори и нивните одредби постигнати за време на дијалогот меѓу Белград и Приштина, но дека не знае кога ќе се формира Заедницата на општините со српско мнозинство (ЗСО) на Косово.

Тој посочи и дека целта е да се разговара за практични работи – како да се забрза протокот на стоки и да се отворат сите гранични премини.

„Отворањето на преминот е успешно. Сегашниот метеж на границите е резултат на големиот проток на сообраќај, што е добро. Овие гужви треба да се решат со текот на времето со пренасочување на сообраќајот на други премини“, изјави О’Брајан за РТС.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button