ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Објавени резултатите – еве кои вакцини имаат најголема заштита од хоспитализација и смрт од Ковид-19

Вакцините од различните производители немаат големи разлики во нивната ефективност во спречување смрт од КОВИД-19, но имаат разлики во спречување на хоспитализација од КОВИД-19, покажуваат резултатите од анализата за ефективноста на КОВИД-19 вакцините во спречување хоспитализација и смрт кај македонската популација.

Анализата укажува дека една доза вакцина против КОВИД-19 е недоволна за спречување тешки исходи од болеста и ја истакнува важноста да се примат најмалку две дози вакцина.

Две дози од КОВИД-19 вакцината BNT162b2 на производителот Pfizer/BioNTech покажала највисока ефективност во спречување хоспитализација, следена од вакцината ChAdOx1-S (производител: AstraZeneca) и вакцината CoronaVac (производител Sinovac).

Во анализата се додава дека ефективноста на примени две дози вакцина од било кој производител во спречување смрт од КОВИД-19 изнесувала 94.064%.

Истражувањето го предводи д-р Харис Бабачиќ, магистер по епидемиологија и докторанд-истражувач на Институтот Каролинска (Стокхолм, Шведска), во соработка со Жаклина Чагороска од Управата за електронско здравство при Министерството за здравство на Република Северна Македонија (Р.С. Македонија). Истражувањето е на доброволна основа, истражувачите немаат конфликт на интереси и немаат примено финансиски надомест за истражувањето, информираат од Министерството за здравство.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button