ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Обвинетиот за сообраќајката кај „Сити мол“ призна вина за смртта на Викторија Николова

Обвинетиот Јордан Ѓорѓиев на денешното рочиште призна вина за сообраќајната несреќа кај „Сити мол“, во која загина 24-годишната Викторија Николова, а со телесни повреди се здоби нејзиниот партнер Леонид Даов.

Обвинетиот пред судијката Љубинка Бошевска изјави дека признава вина и многу се кае за стореното дело.

,,Се чувствувам виновен и многу се каам за стореното дело. Признанието го давам свесно, без никакви уцени и свесен сум за последиците од истото”, изјави Ѓорѓиев.

Според обвинението, тој возел со брзина од 67,3 километри на час, што е 17,3 километри на час повеќе од пропишаната брзина.

Адвокатот на покојната Николова, Владимир Михајловиќ, кажа дека нема да бара имотно-правни побарувања, додека адвокатката на оштетениот Леонид Даов, Билјана Андонова, рече дека ќе бара отштета.

Јавниот обвинител и Андонова побараа казна со нула толеранција бидејќи, како што кажаа, несреќата се случила на пешачки премин.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button