ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Од 1 декември се враќа евтината тарифа од 13 до 15 часот

Цената на струјата за домаќинствата кои што трошат помалку се намалува додека за поголемите потрошувачи се зголемува. Регулаторна ги објави новите цени за електричната енергија. Во првиот блок цената се намалува за 7 проценти, во вториот за 4 додека за третиот и четвртиот блок се зголемува за речиси три проценти. Сепак враќањето на ДДВ-то на 18 проценти од први јули ќе ги намали сметките за струја само за граѓните кои влегуваат во првиот блок. Во останатите блокови сметките за струја ќе бидат зголемени.

Advertisements

„Намалувањето без ДДВ е 7,04 со ДДВ математички пресметано, намалувањето е од 0,28 проценти.. За вториот блок зголемувањето заради ДДВ-то е 2,88 проценти, за третиот е 9,99 проценти за четвртиот 9,97 проценти“, рече Марко Бислимовски- претседател на Регулаторната комисија.

Евтината дневна тарифа ќе биде достапна за граѓаните од први декември. Иако таа беше ветена да почне да се применува од први јули, на ЕВН ќе им биде потребно половина година да ги наштелува сите броила во земјава за отчитување на евтината тарифа која ќе биде од 13 до 15 часот.

„Од први декември се враќа ефтината тарифа од 13 до 15 часот тоа е максимумот што можевме да го направиме и очекуваме во наредниот период да започне промената на броилата. Евтината тарифа не ја воведуваме од политички причини, туку ја воведуваме од сигналот на цената на електричната енергија на сите берзи вкучувајќи ја и нашата“, додаде Бислимовски.

Најголема причина за да нема драстично зголемување на цената придонело производството на 270 мегават часови зелена енергија. Во првите првите пет месеци увозот на струја се намалил за историски 12 проценти. Новата цена на струјата почнува да важи за сите граѓани од први следниот месец.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button