РЕГИОН

Од 1 јануари Белград воведува бесплатен јавен превоз

Од 1 јануари 2025 година јавниот градски превоз во Белград ќе биде бесплатен, соопшти денеска градоначалникот на Град Белград, Александар Шапиќ.

Advertisements

Посочи дека во тек е најголемата реформа во јавниот градски превоз, а следните три години целосно ќе се обнови возниот парк.

„Веќе никој нема да мора да плаќа билет. Нема веќе месечни или годишни билети, нема попусти. Со оваа социјална мерка, Беград станува единствениот град во Европа, поголем од 500 илјади жители, кој ќе има бесплатен јавен превоз“, рече тој.

Шапиќ најави дека до 2027 година ќе се обнови возниот парк на целиот јавен превоз, односно на сите автобуси, трамваи и тролејбуси.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button