ЕКОНОМИЈА

Од 1 октомври недела неработен ден

Од 1 октомври недела ќе стане неработен ден. Ова е предвидено со измените на законите за работни односи и за трговски друштва што Владата ги усвои на својата денешна седница.

Предвидени се исклучоци за оние дејности кои не можат да го прекинат работниот процес. Работниците во овие дејности кои ќе работат и во недела ќе добијат дневница најмалку 50 проценти повисока од редовната денвница и слободен ден што ќе го користат во наредните седум дена.

– Работодавичите кои ќе го прекршат законот, ќе им се забрани работа од 15 дена и ќе им се издаде прекшочен патен налог. Доколку работодавачот го повтори истиот прекршок во рок од една година, забраната за работа ќе биде 30 дена. Во периодите на забрана за работа, работодавачот ќе има обврска на работниците да им исплаќа надоместок за плата во висина на платата исплатена претходниот месец и притоа не може да го намали бројот на работници, појасни министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button