ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од 22 до 28 јануари оставки и формирање Техничка влада

Од 22 до 28 јануари оставки и формирање Техничка влада

Почнувајќи од 22 јануари до 28 јануари во Собранието ќе се случат сите потребни активности околу техничката влада и другите правни процедури кои мора да претходат на изборите на 8 мај. Првиот човек на Собранието Талат Џафери денеска имаше вообичаена понеделничка координација, прва за оваа година, а по нејзиното завршување од кабинетот соопштија:

Од 22 до 28 јануари на пленарни седници ќе се спроведат следниве постапки:

Потврда за оставка на премиерот и претседателот на Собранието, избор на нов претседател на Собранието, информирање на претседателот за доделувањето на мандат за нов премиер, избор на влада, министри, заменици-министри и дополнителни заменици-министри, како и утврдување престанок на мандатот и утврдување на мандатот на новиот пратеник од ИЕ бр.5.“

ВМРО-ДПМНЕ која подолго време ги бојкотира овие координации кај Џафери, не дојде ниту денеска, но не дојдоа ниту пратеници од албанската опозиција која пред неколку дена го започна бојкотот поради тоа што нивниот кандидат сè уште не е избран за член на ДИК.

Останува нејасно дали Џафери на дневен ред за гласање ќе ја стави оваа точка пред да поднесе оставка./Alsat.mk

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button