ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од 300 пријави за бомби, МВР реши помалку од прстите на една дланка

Од 300 пријави за бомби, МВР реши помалку од прстите на една дланка

Поминаа повеќе од 100 дена од првата закана за поставена бомба во С Македонија, а безбедносните органи сè уште се обидуваат да го откријат изворот на овие закани. Досега повеќе од 300 локации во земјава беа предмет на лажни јавувања, но МВР успеа да реши само 4. Поднесени се само 3 кривични пријави. Во еден случај станува збор за малолетник од Скопје кој ја призна вината, потоа за малолетник од Кавадарци и за лице од Тетово. Од МВР потенцираат дека се работи за комплицирани случаи.

Додека МВР никако не успева да ги открие сторителите на масовните дојави, учениците се доведени во опасност да изгубат поголем дел од ова полугодие. Анализата на Сојузот на средношколци покажа дека во првото полугодие часовите биле прекинати во вкупно 10 недели.

Според средношколците, иако државните органи биле свесни дека дојавите ќе продолжат и во второто полугодие, сепак не успеале да дојдат до системско решение кое би спречило учениците да пропуштат уште повеќе часови./Alsat.mk

Ардит Рамадани

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button