ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Од денеска се укинува роамингот за Западен Балкан

Од денеска роаминг услугите во земјите од Западен Балкан се тарифираат како дома. Правилата велат дека разговорите и СМС пораките кои граѓаните ги имаат во пост пејд пакетот од домашниот оператор ќе може слободно да се користат, во Србија, Албанија, Црна Гора, Косово и БиХ. Уште на граница граѓаните ќе треба да се префрлат на некој од мобилните оператори кои се активни во земјата каде се патува. Од Агенцијата за електронски комуникации предупредуваат дека внимателно треба да се користи интернетот. Доколку се потроши поголем дел од интернетот, домашниот оператор испраќа СМС порака со предупредување или понуда за дополнување на интернет кој секако ќе чини одредена сума на пари.

„На пример, јас на мојот тарифен план на пост пејд имам за десетина евра месечно десет гига бајти интернет дома, тоа значи дека околу два гига бајти ќе може да користам надвор. Но никако да не се сфати дека може сега да се опуштиме и ако имам 10 гига ќе отидам надвор ќе си ги користам“, рече Маријан Пејовски, АЕК.

Сепак, треба да се напомене дека ова важи само додека сте во овие земји и ѕвоните кон Македонија. Ако од Македонија телефонирате кон некоја од земјите на Западниот Балкан повикот се смета за меѓународен кој е многу поскап. Граѓаните, барем оние кои ги анкетиравме не беа запознаени со новите правила за тарифирање на роаминг услугите.

Но, случајно затекнавме туристка од Србија, вели се радува дека ќе може опуштена да зборува со роднините и пријателите.

„Не знам колку точно ќе се наплаќа, но секако се израдував. Не ми текнува на тарифата која ја имавме но, сметката секогаш беше повисока“, вели таа.

Што се однесува до корисниците на при пејд мобилните услуги, тие граѓани ќе зборуваат колку што имаат кредит на телефонот. Кога ќе го потрошат ќе може да надополнат кредит или пак да примаат само повици, но не и да вртат кон други броеви. Следни чекори се ваква поволност да се овозможи и со земјите од Европската унија.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button