ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Зголемен број пациенти со цревни заболувања во кумановската болница

Зголемен е бројот на пациенти кои бараат помош за сезонските летни заболувања на инфективното одделение во Општата болница во Куманово, соопштија од таа јавна здравствена установа. Пациентите се жалат на повраќање, дијареа, болки во стомакот, а некои имаат и зголемена температура.

– Летото е сезона кога имаме зголемен број на пациенти кои се јавуваат заради цревни заболувања кои се карактеристични за овој период, во најголем процент со дијареја, повраќање, кај одреден број пациенти и зголемена температура, главните знаци кои доминираат се дехидрираност, малаксаност и тука интервенираме во тој дел. Има зголемен број на такви пациенти, иако има и пациенти кои заради страв од коронавирусна инфекција, доаѓаат во помал број, доаѓаат тие на кои им е потребна наша помош. Ги третираме со инфузии, терапија и совети за дома, совет за исхрана, изјави началникот на инфективното одделение од кумановската болница, д-р Сунчица Јосифова.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button