Од Левица велат дека има таен договор на ВРЕДИ и ВМРО ДПМНЕ за Законот за бранителите никогаш да не стигне на дневен ред
Од Левица велат дека има таен договор на ВРЕДИ и ВМРО ДПМНЕ за Законот за бранителите никогаш да не стигне на дневен ред

Коалициските партнери од парламентарното мнозинство демантираат дека има таен договор да не се донесе законот за бранителите, иако вчера на седница на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, не го изгласаа барањето на СДСМ, првиот човек на Собранието, Африм Гаши, да свика седница на комисијата за социјална политика, а на дневен ред да биде законот за бранителите. Пратеникот од Движењето Знам, Бобан Карапејоски, за Алсат изјави дека не сакаат да се мешаат во процедуралниот дел за овој закон, но кога ќе дојде време ќе го поддржат.
Потпретседателот на Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски во интервју за Алсат вели дека Бранителите веќе уживаат многу права и дека како Влада ќе се заложат да им пружат максимална помош.
Во меѓувреме, од „Левица“ се сомневаат дека има таен договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН за Законот за бранителите никогаш да стигне на дневен ред.
И ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ не сакаат да бидат вклучени и поранешните војници на ОВК, како што бараат од коалицијата ВЛЕН. Како што велат, треба да се направи јасна дистинкција кој ја бранел државата во конфликтот во 2001 година. По изгласувањето на интерпалацијата за Даути, таа дада оставка велејќи дека нема да прифати да работи под диктат на ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на Собранието Африм Гаши засега не планира да свика седница на оваа комисија за Законот за бранителите./Алсат.мк
Зекирија Хаџиу