ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од наредна недела, подготовки за нов изборен законик

Ќе се подготвува нов изборен законик. Министерот за правда Никола Тупанчевски најавува дека ќе се формира работна група која ќе го подготвува законското решение. Првите луѓе на работната група ќе бидат експерти, додека во неа се поканети да членуваат партиите и здруженија кои активно работат на овие прашања. Министерот Тупанчевски поренцира дека актуелниот изборен законик неколкупати е менуван и треба да се донесе ново законско решение кое ќе одговори на по препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

Advertisements

„Во текот на оваа недела вкучувајќи ја и идната недела ќе го отпочнеме процесот за подготовка за донесување на нов изборен законик. Тоа значи дека ќе ја продолжиме оваа процедура, ова е консеквенција на она што се случуваше во 2015 година кога беше формирана меѓуресорска работна група и којашто во 2016 година започна со активностите и последните активности ги имаше заклучно со април 2021 година“, рече Тупанчевски.

Тупанчевски не дава свој осврт што би содржал новиот изборен законик. Вели, на тоа ќе работи самата група, а од нив зависи дали ќе се предложи идните пратеници да се избираат во една изборна единица. Вакво барање имаат помалите партии во Собранието.

„Не зависи тоа од мене, каков ќе биде договорот ние ќе го почитуваме. Дефинитивно тоа се сепаратни измени и не сум сигурен дека тие ќе бидат решение за тоа што ние ќе го нудиме како Министерство за правда. Сметам дека доколку веќе одиме на подготовка на нов изборен законик, тоа би значело дека треба да се претресат уште еднаш да се ревидираат сите недостатоци коишто се детектирани, како од лицата и субјектите коишто се засегнати, така и од меѓународниот фактор, така што и тоа што е понудено во моментов ќе биде земено предвид“, додава Тупанчевски.

Последно, изборниот законик претрпе промени лани во април кога со него се промени начинот на гласање со вметнување на биометриска идентификација.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button