РЕГИОН
Од почетокот на учебната година во Бугарија, 110 деца заразени со коронавирус

Од почетокот на учебната година во Бугарија, 110 ученици и деца од градинки, или 0,01 процент, се позитивни на коронавирус, покажаа податоците на регионалните оддели за образование, соопшти денеска бугарското министерство за образование.
Вкупно 74 наставници, односно 0,08 проценти, се позитивни на вирусот, а други 140 се во карантин, пренесе Б-92.