ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од полноќ нема да има полициски час

Владата одлучи да го укине ограничувањето за движење на граѓаните. Почнувајќи од полноќ повеќе нема да има полициски час. Забраната за 100 гости на свадби исто така е укината и дозволени се концерти и забави. Одлуката следи по препораката на Комисијата за инфективни болести, која оцени дека епидемиолошката состојба во земјата се стабилизира со намалување на бројот на позитивни случаи на Covid19 и зголемување на бројот на вакцинирани.

„Полицискиот час целосно се укинува. Веќе нема ограничување од максимум 100 гости на свадби и забави. Но, здравствените протоколи мора да се почитуваат. Се дозволуваат манифестации, концерти и забави во отворени клубови. Со капацитет до 50% од објектот, но не повеќе од 1000 луѓе “.

Мерката што предизвика најголемо внимание е дозволувањето на организирање свадби за поголем број гости. Бидејќи беа забранети минатата година, оваа година на почетокот на сезоната на венчавки, се забележуваат двојно зголемен број на  резервации. Ова доведе до оживување на малите бизниси поврзани со индустријата за венчавки.

„Нашите очекувања се дека работата ќе се отвори малку затоа што во времето на пандемијата работата не беше добра. Сега се гледа дека има малку промет, има луѓе и очекуваме повеќе работа “.

„За време на пандемијата, изминатата година беше проблематична. Сега мислиме дека ќе биде подобро. Сезоната е отворена, свадбите ќе се одржат нормално како порано, мислиме дека ќе работиме “.

Од друга страна, стапи на сила одлуката на владата сите државјани на Србија кои ќе го преминат на граничниот премин Табановце на патот кон Грција да добијат картички М-Смарт за плаќање патарина. Оние што ќе поминат низ Коридорот10 ќе добијат бесплатни картички со заем од 760 денари, доволно за сите патарини до границата со Грција. Првиот круг со 65.000 картички веќе го доби Министерството за внатрешни работи. Се планира да се направат етапно вкупно 200.000 картички.  Оваа одлука на владата ќе важи до 15 август како благодарност за донациите на вакцини од Србија за нашите граѓани, како и за бесплатните вакцини во Србија.

Подготви: Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button