РЕГИОН

Од први март се отвораат рестораните во Бугарија

Од први март ќе ги отвориме рестораните, а од утре ќе им дозволиме на учениците од сите паралелки во малите населени места да учат со физичко присуство, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов при неговата посета на мултидисциплинарната болница за активно лекување во Исперих, јави дописникот на МИА од Софија.

Advertisements

Во исто време, главниот државен здравствен инспектор Ангел Кунчев, за Бугарското национално радио коментира дека врвот на новиот бран на коронавирус во Бугарија може да се совпадне со 4 април кога ќе се одржат парламентарните избори.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button