ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од утре почнува пријавувањето за субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025

Министерството за образование и наука денеска објави Повик  за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година и ги повика студентите што ги исполнуваат условите да се пријават.

Студентите што ќе аплицираат треба да се државјани на Република Северна Македонија, редовни студенти на додипломски студии на државните и приватните универзитети, да не се во редовен работен однос, да не се  регистрирани како индивидуални земјоделци и да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во Републиката за тековната година.

Пријавувањето е електронски на https://e-uslugi.mon.gov.mk/  каде што кандидатите треба да ги прикачат пополнети и потпишани обрасците Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и Изјава за точност на внесените податоци  во пријавата за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк (достапни за преземање во објавениот повик). Секој кандидат може да ја провери поднесената пријава, во електронската апликација во менито „Мои апликации“.

Рокот за пријавување е од 15 август до 5 септември и важи за тековните студенти и за студентите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2024/2025 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button