ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во гасењето на пожарот во НП „Маврово“ се вклучија и хеликоптери

Пожарот кој вчера претпладне се појави на територијата на Националниот парк „Маврово“ во атарот на селото Врбен и натаму е активен. Од неговото ширење засега нема опасност по имотите и куќите, информираат од НП Маврово.

Огнот покрај смреки и други грмушести растенија зафати и дел од еловата шума со што го се зголемува и неговиот интензитет.

„Штотуку добивме информација дека во гаснењето ќе се вклучат и хеликоптери за да барем се локализира состојбата на Врбенска планина. Единствена среќна околност е што линијата на ширењето на пожарот води надвор од населеното место. Наши екипи здружени со полициски сили и мештаните се на терен и се обидуваат да стабилизираат состојбата“, вели Самир Ајдини директор на НП „Маврово“

Првиот човек на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов напомена дека покрај воздушната поддршка во гаснењето се користи и тактика со градежни машини од земја во близина на селото Врбен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button