ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од утре угостителските објекти ќе започнат со работа, но само на терасите

Владата одобри олеснување на рестриктивните мерки, со намалување на забраната за слободно движење за еден час, и отворање на терасите на угостителските објекти. Со одлука на владата, од утре полицискиот час ќе биде од 21 до 5 часот наутро. Отворените простории на рестораните и кафулињата ќе можат да работат со половина капацитет до 20:30 часот, но со почитување на растојанието

Advertisements

Влада на Република Македонија

„Угостителските бизниси регистрирани како ресторани за семејни забави ќе можат да ја организираат својата работа како дневни ресторани само на отворено, односно на терасите. А забраната за организирање свадби, родендени, крштевки и сл. останува на сила во овие простории“.

Во пресрет на верските празници, Владата донесе одлука дека вечерта за Велигден и Бајрам воопшто да нема полициски час. Но, повикуваат на почитување на мерките како што се растојание, маски и средства за дезинфекција.

Влада на Република Македонија

„За празникот Велигден, односно ноќта помеѓу 1 и 2 мај, нема да има ограничување на движењето на граѓаните. Истата мерка ќе биде и за празникот Бајрам, односно ноќта помеѓу 13 и 14 мај “.

Бидејќи извршната власт даде зелено светло, објектите ги прават последните подготовки утре да започнат со работа. Во Старата чаршија во Скопје, малите бизниси за  пијалоци и услуги за храна едвај чекаат да продолжи работата. Но, има поплаки за нивната штета.

“Имавме двојна штета, еднаш пред 7-8 месеци кога бевме затворени три месеци, и сега беше последниот удар што предизвика голема финансиска штета на нас сопствениците на кафичите.”

До 20:30 часот, ќе работат баровите и рестораните, и ноќта за Велигден и Бајрам кога нема да има полициски час. Но, некои сопственици изразуваат разбирање за мерките за јавно здравје.

„Нанесена е голема штета на сите, не само на угстителите за целиот систем, затоа што никој не е имун на оваа ситуација, сите трпиме последици, како пензионери, други бизниси, како и здравството, затоа ова вонредна состојба е на целиот свет “.

Досегашната забраната е во сила од 7 април. Веќе 20 дена угостителските бизниси работат само со шалтер-систем, бидејќи здравствените власти констатираа дека овие установи се меѓу најголемите пренесувачи на зарази со коронавирус. Додека беа затворени, штетите им беа субвенционирани од државата врз основа на приходите декларирани од нив.

Подготви: Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button