ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Родители: Дигитализацијата уште повеќе „ќе ги залепи“ децата пред екраните

Граѓаните анкетирани од Алсат се против дигитализацијата на учебниците. Тие велат дека овој начин на учење е неприфатлив бидејќи станува збор за мали деца, а многу училишта сè уште не ги исполнуваат ни стандардите за настава.

„Тоа е да се уништат децата, ништо повеќе. Повеќето од нашите деца немаат услови. Мораме да им овозможиме, мора да размислуваме малку поинаку. Тука постои дискриминација и тоа јасно видлива.“

„треба да има книги, мислам дека се премногу мали за дигитализација. Децата се по цел ден пред компјутер, имаат проблеми со очите.“

Наставничката во пензија, Исније Река, вели дека дигитализацијата на учебниците ќе го елиминира директниот контакт ученик-наставник. Дури, како што вели таа, на овој начин може да се изгуби и волјата за учење.

 „Живиот збор на наставникот, кога објаснува, кога конкретно зборува, ги коригира грешките на децата и е во директна врска со нив, со учениците. Тоа има поголемо значење од ова. Во исто време, прашање е дали секој има компјутер, дали има ист социјален статус, еднаков во училницата, ова може да го попречи, може да биде пречка.“

На дигитализацијата на книгите веќе се спротивставија многу родители кои дури создадоа група на социјалната мрежа Фејсбук, каде за само неколку денови се приклучија над 66 илјади лица. Дигитализацијата е дел од новиот образовен концепт што се очекува да започне следната учебна година за прво и четврто одделение. Се очекува овие ученици да учат од дигитални книги, а оние од прво до трето одделение со хартиени.

Мелихате Рустеми Оп.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button