ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дигитализацијата на учебниците повлечена од Собранието, но ќе се врати со европско знаме

Предлог законот за дигитални учебници е повлечен за повторно да добие зелено светло од Владата, но овој пат со ѕвезда на Европската унија. Повлекувањето на законот што еднаш веќе беше одобрен од власта, нема да донесе никакви промени во содржината, освен што ќе добие европска ѕвезда иако во јавноста врие од реакции против дигитализацијата. „Министерството за образование и наука не се откажува од усвојување на целосно нов закон за учебници кој воведува наставни материјали и нуди можност за дигитализација“, напиша министерката Мила Царовска. По одобрувањето од Владата, предлогот оди до Собранието. Премиерот Заев уверува дека дигитализацијата е во согласност со развојот на образованието во современите земји.

ВМРО-ДПМНЕ вели дека министрите не смее поради своите фрустрации да експериментираат со децата. Мицкоски ја повика владата да не си игра со оган и предупреди дека партијата сериозно ќе се спротивстави на законот.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека ќе најдат начин да го блокираат законот, иако тој ќе влезе во парламентарна постапка со ѕвезда на ЕУ. Во Собранието таквата постапката значи дека дебатата не смее да трае повеќе од три дена во комисијата за европски прашања и во законодавно-правната комисија. На овој начин, евентуалната блокада со амандмани од опозицијата би била невозможна.

Fatlume Dervishi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button