МАКЕДОНИЈА

Одбележување на Денот на полицијата, посебен сообраќаен режим во општина Аеродром

Во Скопје денеска ќе се одржи централното одбележување на 7 Мај – Денот на македонската полиција.

Advertisements

Централната прослава ќе биде во паркот кај авиончето во општина Аеродром каде се најавени обраќања на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

На одбележувањето на Денот на македонската полиција ќе присуствуваат и претставници на дипломатскиот кор во земјата, а во рамки на прославата предвидени се изложба и презентација на опрема на различни полициски единици.

Поради одбележувањето на Денот на македонската полиција во периодот од 8 до 18 часот ќе биде воведен пособен сообраќаен режим во овој дел од градот.  Затворен за сообраќај ќе биде булеварот „АСНОМ“ на потегот од крстосницата со булевар „Србија“ до крстосницата со булевар „Февруарски поход“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button