ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Одбраната во случајот „ТНТ“ побара прогласување застареност на делото

По денешната седница на Апелација, Еленко Миланов адвокат на ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, посочи дека постои апсолутна застареност од кривично гонење и побара одбивателна пресуда.
„Побаравме судот да утврди согласно измените на предлог од жалбата со која се бараше да се укине првостепената пресудата и тоа го преиначивме, со тоа што побаравме согласно ЗКП да се утврди апсолутна застареност во однос на сите обвинети, а истото тоа го побара и застапникот на обвинението“, рече Миланов.