
Норвешкиот фудбалер Мартин Oдегард го продолжи договорот со Арсенал до 2028 година. Oдегард пристигна во Арсенал од Реал Мадрид за 35.000.000 евра. За „топџиите“ има одиграно 112 натпревари, постигна 27 голови и забележа 15 асистенции.
Играчот од средниот ред на Арсенал е финансиски награден и со тоа што неговата плата сега ќе биде значително поголема, досега добиваше 120.000 фунти неделно (околу 7.200.000 евра годишно). Едегард би требало да стане најплатен фудбалер на „топчиите“.
Тоа значи дека сега ќе зема поголема плата од Каи Хаверц кој е најплатен во тимот со 20.000.000 евра годишно.