Одложени мировните преговори за Украина во Лондон

Британскиот Форин Офис соопшти дека мировните преговори за Украина со американски и европски колеги на министерско ниво, кои беа закажани за денеска во Лондон, се одложени.
Во кусото соопштение на британското Министерство за надворешни работи се наведува дека наместо закажаниот министерски состанок, ќе се одржи состанок зад затворени врати, без присуство на медиуми, за да се анализира „внимателно формулираната изјава дадена доцна синоќа од министерот за надворешни работи Дејвид Лами по разговорите со американскиот државен секретар Марко Рубио“.
Рубио претходно го откажа учеството на денешните преговори.
Непосредно пред полноќ, Лами објави на социјалните мрежи дека неговите разговори со Рубио биле продуктивни, но посочи дека мировните преговори за Украина ќе се одржат на нешто пониско ниво.
„Разговорите продолжуваат со брзо темпо и официјалните претставници ќе се состанат утре во Лондон. Ова е критичен момент за Украина, Обединетото Кралство и евроатлантската безбедност“, рече Лами.