МАКЕДОНИЈА

Одложување на пописот, Хани: Без учество на опозицијата пописот не би бил реален

Законските одредби гарантираат дека пописот ќе биде успешен и валиден, рече официјалниот претставник на ДУИ, Тахир Хани во емисијата „Патот кон …“ на Алсат. Според него активностите на македонската опозиција во насока на бојкот на пописот биле една од причините за неговото одложување до септември. Хани додаде рече дека без учество на опозицијата пописот немало да ги одразува реалните бројки на населението.

„Имавме реакција од македонската опозиција, односно од ВМРО-ДПМНЕ, која создаде клима со својата активност, дел од приврзаниците на ВМРО-ДДПМНЕ да можат да го бојкотираат пописот и со самиот факт дека тие би бојкотирале не би имале реален попис. Одложувањето на пописот на населението во Република Македонија и продолжувањето на пописот во дијаспората не претставува никаква пречка, ризик да дојдеме во ситуација во која нема да имаме доверба во вкупниот број на населението. Во овој поглед, ние само ја надминавме можната пречка пописот да не пропадне“, изјави Хани.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button