МАКЕДОНИЈА

Фетаи: Вложивме максимални напори да спречиме одложувањето на пописот

Арбен Фетаи од Алијансата за Албанците во емисијата „Патот кон …“ на Алсат рече дека коалицијата Алијанса-Алтернатива вложила максимални напори да спречи одложување на пописот. Според него, директорот и заменик директорот на Државниот завод за статистика го прекршиле законот и Уставот со прекинување на процесот. Тој додаде дека бројот на дијаспората е многу поголем од 200.000 што се регистрирани преку Интернет досега.

„Не верувам дека ова е одложување, туку откажување. Бидејќи пописот започна во дијаспората мораше да започне на 1 април и во земјава, а по зделката Мицкоски-Заев, директорот и заменик директорот не дозволија да почне, како што е предвидено со закон, со што се сторени уставни повреди со одбивање да се спроведе законот изгласан во Собранието и почекаа два дена додека не гласаат за нов закон кој предлага нови датуми за продолжување на регистрацијата по овој прекин што го имаме сега. Сè уште не е многу јасно за дијаспората … Она што се случи со помош на албанските партии во Владата е предавство на дијаспората и тоа е предавство на албанската нација воопшто, бидејќи видовме невидена мобилизација за да се поттикне дијаспората да се регистрира. Разбираме дека македонската страна се плаши од бројки, бидејќи за еден месец се регистрирани околу 200.000 иселеници, кои главно беа Албанци и верувам дека бројките што се регистрираат преку Интернет се многу помали отколку што се всушност во реалноста“, оцени Фетаи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button